fbpx

Пешак од Гостивар настрада во сообраќајна несреќа

-

77-годишен пешак од Гостивар го загуби животот во сообраќајна несреќа откако во него удрил автомобил, марка „фолксваген“ со гостиварски регистарски таблици, кој се движел по булеварот Браќа Гиноски во Гостивар.

Несреќата се случила вчера, околу 14.50 часот. Пешакот од ударот на автомобилот, кој го управувал 25-годишен жител на гостиварски Добридол, добил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, поради сериозноста на повредите, итно е пренесен на скопските клиники. Нешто подоцна, околу 20 часот, тој им подлегнал на повредите.

Јавен обвинител и екипа од полициската станица во Гостивар извршиле увид на местото на несреќата и се работи на утврдување на причините, околностите и сè друго поврзано со несреќата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...