fbpx

Протест во Белград против ослободителната пресуда за убиството на Славко Ќурувија

По 25 минути молк, Фондацијата соопшти дека ќе го остават знамето што на почетокот го развиориле пред Апелација, а кое гласи: „Ја убивте правдата, но вистината живее“

-

„Ја убивте правдата, но вистината живее“, „Нема среќа без слобода, ниту слобода без правда“, се само дел од транспарентите со кои граѓани и новинари денеска пред Апелациoниот суд во Белград протестираа поради ослободителната пресуда на обвинетите за убиството на новинарот Славко Ќурувија.

Како што пренесе Данас.рс, Ивана Стевановиќ од фондацијата „Славко Ќурувија“ изјави дека останале без зборови бидејќи десет месеци од нив ја криеле одлуката на Апелациониот суд за ослободителната пресуда за убиството на новинарот.

„Наместо зборови, донесовме бело знаме да го предадеме на судството на Србија, на државата Србија, која се предаде и се поклони на сила“, рече Стевановиќ.

Претставниците на Фондацијата „Славко Ќурувија“, ги повикаа граѓаните да го изразат своето незадоволство од пресудата, со молчење по 25 минути, за секоја година за која се чекала правдата.

Потоа, на покана на организаторите на протестот, присутните подигнаа огледала за да може судството да го погледне својот одраз после ваквата пресуда.

По 25 минути молк, Фондацијата соопшти дека ќе го остават знамето што на почетокот го развиориле пред Апелација, а кое гласи: „Ја убивте правдата, но вистината живее“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владимир Кара-Мурза добитник на Пулицерова награда за колумни што ги пишувал во затворска ќелија

Затворениот руски дисидент Владимир Кара-Мурза доби Пулицерова награда за неговите колумни напишани за „Вашингтон пост“ во кои се критикува војната во Украина и задушувањето на демократијата и слободата на...