fbpx

Од трите кандидати за нов републички јавен обвинител, остана само Љупчо Коцевски

Филтерот во Советот на јавни обвинители не го поминаа Лидија Раичевиќ и Фатиме Фетаи

-

Од тројцата пријавени кандидати за преземање на улогата на републички јавен обвинител остана само Љупчо Коцевски. На денешната седница на Советот на јавните обвинители се даваше мислење за пријавените кандидати за огласот за јавен обвинител на Република Северна Македонија, а овој филтер не го поминаа обвинителките – кандидатки Лидија Раичевиќ и Фатиме Фетаи.

Фетаи испадна од игра поради несоодветна документација, додека за Раичевиќ, пак, сите од советот дале негативно мислење, за разлика од Коцевски, за кои членовите на Советот беа едногласни со позитивно мислење.

„Се работи за најсериозен кандидат кој треба да добие апсолутна поддршка од Советот и треба да добие позитивно мислење. Посакувам тој да биде избран. Убеден сум дека ќе може да се носи со функцијата“, рече членот на Советот, Изет Меџити.

Инаку, Коцевски е дел од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители и е член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство. Тој има работено како адвокат, во вишото јавно обвинителство на Гостивар и од неодамна е дел од републичкото Јавно обвинителство.

Откако Владата ќе го одобри кандидатот избран од Советот за јавни обвинители, предлогот ќе оди на гласање во Собрание.

Вчера и официјално му заврши мандатот на досегашниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески, кој ја извршува функцијата од 2017 година. Обвинителката Соња Симовска ќе ја врши функцијата в.д. републички јавен обвинител додека не се избере нов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...