fbpx

Повеќе од 2 милиони евра ќе чинат регистарските таблици и налепниците со ознаката „НМК“ на возилата

Тендерот го доби групација од понудувачите Квантум ДООЕЛ и германската „ЕХА Хофман интернационал“

-

Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на регистарски таблици и налепници на возилата со новата ознака „НМК“. На Бирото за јавни набавки објавен е договорот кој тежи 2,2 милиони евра, а тендерот го добила групација од понудувачите Квантум ДООЕЛ и германската „ЕХА Хофман интернационал“.

Договорот меѓу МВР и компаниите ќе се спроведува во период од три години.

Според договорот објавен на страницата на Електронскиот систем за јавни набавки компаниите кои го добиле тендерот, за чифт регистарски таблички понудиле цена од 540 денари плус ДДВ од 97,2 денари, односно 637,2 денари.

Според рамковната спогодба, треба да се произведат повеќе од 300 илади таблички, од кои 240 илјади за класичните моторни возила.

Според истиот договор, се набавуваат четири вида двојни налепници според големината и тоа:

Димензии 99×42 милиметри – набавна цена 35,4 денари.
Димензии 85×40 милиметри цената ќе биде 41,3 денари.
Димензии 53×37 милиметри по цена од 35,4 денари.
Димензии 48×18 милиметри по цена од 29,4 денари.

Колкава ќе биде продажната цена на овие налепници ќе одлучи Министерството за внатрешни работи.

Првата испорака треба да почне 30 дена од потпишувањето на договорот, а набавката ќе се реализира според потребите кои ќе ги утврди МВР.

Обврската за користење на кодот НМК на регистарските таблички е од Преспанскиот договор, согласно кој рокот за замена е до февруари 2024 година.

Наместо целосна замена на регистарските ознаки, со новата владина одлука, граѓаните ќе треба да добијат само лепенка со новиот код.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...