fbpx

Од полноќ предизборен молк во Србија пред гласањето в недела

В недела се одржуваат парламентарни, покраински, како и избори во 65 локални самоуправи, меѓу кои и градот Белград

-

Изборниот молк во Србија почнува вечерва на полноќ и ќе трае до 17 декември во 20 часот.

За време на изборниот молк е забрането објавување оценка на изборните резултати, јавно претставување на кандидати и предизборни програми и повикување гласачи да гласаат или да не гласаат за одредени листи, преку медиумите и на јавни собири.

В недела се одржуваат парламентарни, покраински, како и избори во 65 локални самоуправи, меѓу кои и градот Белград.

САД очекува изборите во Србија да се спроведат според правилата, да поминат во мирна атмосфера и да бидат фер, а од новата влада во Белград се очекува да ги продолжи разговорите за нормализација на односите со властите во Приштина и за патот кон европска интеграција, изјави за Гласот на Америка Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

„Српскиот народ ќе гласа како што сака. Очекуваме владата да ги почитува договорите што ги направи во однос на Косово. Во последните неколку месеци, видовме одреден напредок во овој дел. Некои од клучните спорни прашања почнуваат да се решаваат – регистарски таблички, царини, формулари… Ова треба да продолжи кога новата влада ќе ја преземе функцијата, но треба да видиме и натамошен напредок“, рече тој.

Во Србија, на 8.273 избирачки места своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6.500.165 запишани избирачи.

Право на глас на покраинските избори во Војводина имаат 1.669.734 граѓани, а на белградските 1.613.190 гласачи.

На републичките избори гласачите ќе можат да избираат од 18 листи со вкупно 2.817 предложени кандидати за 250 пратенички места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...