fbpx

Политичкото рекламирање да не е на товар на државата, предлог во Изборниот законик

Министерот за правда Кренар Лога го поддржува предлогот на работната група, платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата, информираат од Министерството за правда

-

Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик, во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираше попладнево Министерството за правда.

„Министерот за правда Кренар Лога го поддржува предлогот на работната група, платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата. Со оглед на тоа што на лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници, Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии“, информираат од Министерството за правда.

Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот законик ќе биде на пратениците во Собранието на РСМ, велат од ова министерство, додавајќи дека предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите одговорни за спроведување на одредбите од овој Законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...