вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Платено политичко рекламирање | 38 резултати

Ниско присуство на жените во медиумското покривање на парламентарните избори

октомври 29, 2024

Според најновото истражување на Фондација Метаморфозис, во коe беше спроведен мониторинг на покривањето на парламентарните избори во 2024 на информативните интернет портали во Северна Македонија, забележано е ниско присуство на жените и родовите прашања во медиумското известување и во платеното политичко рекламирање, нешто што може да се промени со одредени законски регулативи. Накратко, ова беа […]

Да се укине платеното политичко рекламирање со буџетски пари, децидни се експертите

октомври 16, 2024

Од 6,2 милиони евра приходи за парламентарните избори кои се одржаа во мај годинава, 4 милиони евра биле буџетски пари. Најголем дел од овие пари се потрошени за платено политичко рекламирање на партиите/коалициите, што значи дека се влеале во медиумите или пак се изнајмуваке билборди и слично. Итно се потребни измени во Изборниот законик или […]

Недоволен надзор на финансиите за кампањата на парламентарните избори

септември 11, 2024

Граѓаните биле информирани за време на изборите но, истовремено биле изложени на националистички слогани, законодавни недостатоци и недоволен надзор над финансиите за кампањите, укажува Прелиминарниот извештај од мониторингот на онлјан порталите во Северна Македонија за време на парламентарните избори кој го изработи Фондацијата Метаморфозис. При истражувањето се напоменува дека набљудувачите на изборите се незадоволни од […]

Зголеменa политичка пристрасност и регулаторни предизвици при известување за изборите

септември 3, 2024

Седумдесет проценти од граѓаните се информираат преку интернет портали, а квалитетот на објавените содржини кога станува збор за изборите често е прилично слаб, укажува Прелиминарниот извештај од мониторингот на онлјан порталите во Северна Македонија за време на парламентарните избори кој го изработи „Фондацијата Метаморфозис“. Според прелиминарниот извештај, онлајн медиумите често не ги исполнуваат професионалните стандарди […]

Платено политичко рекламирање со печатна грешка

август 7, 2024

Парламентарните избори завршија, министри и директори веќе дојдоа на новите позиции, се даде дури и првиот отчет за сработеното во 30 дена, а сè уште не е познато колку пари добија онлајн порталите за политичко рекламирање. Истражувањето на Мета.мк покажа дека кога станува збор за пристап до информации во врска со парите и исплатите се […]

ЦУП: Да се укине платеното политичко рекламирање и да се воспостави минимум контрола врз порталите

април 1, 2024

Доколку платеното политичко рекламирање не биде укинато, потребно е Министерството за правда и Државната изборна комисија (ДИК) да донесат подзаконски акти за подобро да го уредат водењето на Регистарот за радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (портали), како и за подобро да ја уредат постапката за исплата на финансиските средства, покажува последното истражување на Центарот […]

Политичкото рекламирање да не е на товар на државата, предлог во Изборниот законик

декември 11, 2023

Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик, во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираше попладнево Министерството за правда. „Министерот за правда Кренар Лога го поддржува предлогот на работната група, платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата. Со оглед на тоа што на лидерска […]

За три години за политичка пропаганда во медиумите партиите од буџетот на државата потрошиле 8 милиони евра

ноември 30, 2020

Европскиот експерт Рајнхард Прибе во 2015 година, во рамките на итните приоритетни реформи во медиумите, даде три препораки во врска со трошењето јавни пари во медиумите. Првата препорака беше да се воспостават строги правила за владиното рекламирање засновано на објективни и недискриминаторски критериуми, второ обезбедување целосна транспарентност на владиното рекламирање, податоци кој троши пари во […]

ЕУ бара конкретни чекори за подобрување на слободата на медиумите

октомври 19, 2020

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на слободата на изразувањето и оствари ограничен напредок во текот на извештајниот период. Вака Европската комисија ја оценува состојбата со слободата на изразувањето во земјава во последниот извештај, кој беше објавен минатата недела. Иако Комисијата смета дека општата клима за работата на медиумите е погодна и овозможува критичко […]

Дури 52 портали се пријавиле во ДИК за емитување партиски реклами за изборите во Штип и Пласница

октомври 16, 2020

Државната изборна комисија (ДИК) за закажаните предвремени избори за градоначалници на општините Штип и Пласница подготви нов Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали што се заинтересирани за емитување на платено политичко рекламирање пред одржувањето на изборите на 13 декември. Во него, запишани се дури 52 интернет портали, 11 телевизии, две радио станици и […]

Собрание на ЗНМ: Стоп за насилството врз новинарите, најавени протести

октомври 5, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) викендов во хотелот Александар Палас во Скопје одржа редовно неизборно Собрание на кое беа дискутирани повеќе теми поврзани со работата на Здружението, како и проблемите со кои се соочуваат новинарите во последната година. Собранието го отвори Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски кој во својот говор се осврна на работата […]

Обврските во однос на изборите од 15 јули во фокусот на работењето на ААВМУ во третиот квартал

септември 25, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска го одржа јавниот состанок преку видеоконференциска врска, на кој се презентираа спроведените активности согласно Годишната програма за работа на ААВМУ. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше резултатите и активностите на Агенцијата во текот на третиот квартал. Во однос на одржаните парламентарни избори на 15 јули, […]

ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање да е транспарентна и неселективна

септември 17, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага за платеното политичко рекламирање од последните избори во дел од онлајн медиумите кои беа пријавени во Државната изборна комисија на последните избори. Според ОЈО и објавите на медиумите за овој случај, се проверува документацијата во […]

Истрагата на ОЈО и МВР за политичките реклами на дел од порталите предизвика реакции од партиите

септември 16, 2020

Политичките партии од власта и опозицијата и дел од интернет порталите кои се вклучени во истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи излегоа со реакции во јавноста. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека сето рекламирање на нивната партија било транспарентно и законски. Тие сметаат дека власта […]

ОЈО и МВР ќе проверуваат три фирми за сомнеж дека пред избори отвориле портали за политичко рекламирање

септември 16, 2020

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведoa координирана акција, при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сомнение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање, информираат од таму. Надлежен […]

ААВМУ ќе го анализира медиумското прикажување на жените – кандидатки на изборите за време на кампањата

септември 11, 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изработи анализа на родовите прашања и претстави за време на изборната кампања со акцент на прикажувањето и третманот на жените – кандидатки/претставнички на учесници во изборната кампања. Станува збор за редовно годишно истражување на различни теми за родот во медиумите што се изработува од 2012 година, […]

Политичките реклами на „Можеме“ доминирале на телевизија, „Обнова“ најмногу се вртела на радио (инфографик)

август 1, 2020

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доминирала во емитувањето на политички реклами на телевизиите за време на изборната кампања, додека коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ свртела најмногу политички реклами на радио-станиците. Ова го покажува Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите за време на кампањата за изборите на 15 јули, којшто Агенцијата за аудио […]

Јавните пари за политички реклами го влошија медиумското известување за изборите

јули 28, 2020

Набљудувачката мисија на ОБСЕ за предвремените избори што се оддржaа на 15 јули во Северна Македонија има сериозни забелешки за начинот на известување на медиумите во текот на изборната кампања. „На медиумското известување за изборите му недостасуваше критички осврт на платформите, а одредбите во врска со платеното политичко рекламирање ги фаворизираа трите најголеми партии“, стои […]

ДЗР ги објави извештаите: Како се трошеа парите за реклами за изборната кампања 2020?

јули 23, 2020

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите од медиумите и другите прaвни субјекти за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа. Извештаи доставиле 19 правни субјекти, меѓутоа два од нив („Јени Балкан“ и „РФМ Радио“) […]

Црната медиумска кампања на изборите се водеше на дел од онлајн медиумите и на социјалните мрежи

јули 20, 2020

Како во изборната кампања, така и за време на изборниот молк, дел од онлајн медиумите во земјава, како и одредени личности но и анонимуси на социјалните мрежи, ја одиграа нечистата пропагандна кампања за партиите на изминатите парламентарни избори. Ваквиот заклучок произлегува од констатациите изнесени во мониторингот на медиумите што го извршија мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и […]

Страна 1 од 2