fbpx

Македонија испраќа дополнителни 35 војници во „КФОР“ во Косово

Со оваа измена на одлуката, вкупниот број со кој земјава ќе учествува во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата на С. Македонија

-

Владата на вчерашната седница донела одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на С.Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.

Со одлуката е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод од 35 лица.

„Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на безбедноста и сигурноста на Република Косово“, информираат од Владата.

За учество во НАТО операцијата се испраќаат 70 припадници на Армијата за период од шест месеци, сметано од ноември 2023 до мај 2024 година.

Со оваа измена на одлуката, вкупниот број со кој земјава ќе учествува во операцијата „КФОР“ во Република Косово ќе изнесува 101 припадник на Армијата на Република Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...