fbpx

Автопатот Прилеп-Битола се гради, денеска и Ковачевски ја минираше трасата

„Со изведбата на овој патен правец ќе добиеме најмодерно автопатско решение во должина од 40 километри и со тоа практично ќе биде заокружена една голема градежна инфраструктурна офанзива во однос на нови, модерни автопатишта во нашата држава“, истакна премиерот Ковачевски

-

По гостиварското село Горна Бањица, каде што пред неколку дена со минирање на теренот започна изградбата на автопатот Гостивар-Кичево, денеска беше организиран и настан на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10д. И тука со чин на минирање беше означено интензивирањето на градежните работи на оваа делница што ја гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“.

Овој пат на настанот присуствуваше премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вршителот на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, Ерик Мејер, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и оперативниот директор на „Бехтел“, Џош Бејкер.

„Со изведбата на овој патен правец ќе добиеме најмодерно автопатско решение во должина од 40 километри и со тоа практично ќе биде заокружена една голема градежна инфраструктурна офанзива во однос на нови, модерни автопатишта во нашата држава“, истакна премиерот Ковачевски во неговото обраќање на настанот.

Премиерот Ковачевски рече дека само на Коридорот 8 и 10-д се инвестираат 1,3 милијарди евра. При тоа, тој истакна дека во моментов во тек се саеми за работа на Коридорите 8 и 10-д, за коишто најави дека ќе се одржуваат насекаде низ земјава.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на настанот, истакна дека градежните активности на терен добиваат своја динамика.

„Денеска ова минирање подразбира дел од вкупниот процес за изградба на оваа патна врска меѓу Прилеп и Битола и сакам веднаш да потенцирам дека активностите се реализираат и побрзо од очекувањето и планираната динамика. Тоа е така затоа што имаме реномиран и искусен изведувач, затоа што сите институции што сме инволвирани во изградбата на автопатските делници на Коридор 8 и 10-д покажуваме подготвеност да одговориме брзо и ефикасно на сите постапки и процедури за реализација на овој крупен проект“, изјави Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми информираше дека на сите планирани траси на Коридите 8 и 10д непречено се одвиваат геомеханички испитувања, а до проектната единица веќе се доставени инфраструктурни проекти за сите делници, освен за идниот автопат Требешништа-Струга-Ќафасан.

„Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а се очекуваат и елаборатите и за Прилеп-Битола“, изјави директорот Рустеми на денешниот настан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...