fbpx

Нема промени во ставовите на партиите за уставните измени

Во петок, Собранието на РСМ најпрво треба да го изгласа дневниот ред со единствена точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Македонија, за што се потребни 61 глас

-

Нема промена во ставовите на партиите на пет дена пред собраниската седница за уставните измени. Владејачкото мнозинство кое ќе гласа за промена на Уставот и за внесување на Бугарите во Уставот, нема обезбедено 80 пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ се на став дека во петок нема да има уставни измени, а за да нема нова политичка криза, според нив, треба да се случат предвремени парламентарни избори.

Во петок, Собранието на РСМ најпрво треба да го изгласа дневниот ред со единствена точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Македонија, за што се потребни 61 глас. Потоа почнува претрес по предлогот, кој може да трае најмногу десет работни дена.

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно со 80 гласови.

Собранискиот спикер Талат Џафери веќе најави дека собраниската седница ќе се одложи додека не се создадат услови за гласање, а очекувањата на власта се дека двотретинско мнозинство ќе се обезбеди до крајот на мандатот на оваа влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...