fbpx

Одбележани 22 години од убиството на припадниците на АРМ кај Љуботенски бачила

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски положија венец со свежо цвеќе на спомен плочата во касарната „Илинден“ во Скопје, во спомен на осумтемина бранители и припадници на Армијата кои животот го загубија кај месноста Љуботенски Бачила

-

Денеска се навршуваат 22 години од смртта на осуммината припадници на македонските безбедносни сили кај Љуботенски бачила. По тој повод, министерката за одбрана Славјанка Петровска, генералот потполковник Васко Ѓурчиновски и полковник Новица Стојановски, како и висока делегација од Владата и од претседателот на РСМ оддадоа почит на убиените припадници на АРМ.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски положија венец со свежо цвеќе на спомен плочата во касарната „Илинден“ во Скопје, во спомен на осумтемина бранители и припадници на Армијата кои животот го загубија кај месноста Љуботенски Бачила.

На овој ден, пред 22 години, на патот кај месноста Љуботенски бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошевски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата. 

По повод 22 годишнината од убиството на осуммината бранители и припадници на Армијата кај месноста Љуботенски бачила, владина делегација предводена од советникот за одбрана на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, денеска положи свежо цвеќе пред спомен плочата на загинатите бранители во касарната Илинден во Скопје.

Владина делегација, предводена од советникот за одбрана на премиерот, Драган Василевски положи свежо цвеќе и оддаде почит и пред спомен обележјето на загинатите бранители кај Љуботенски бачила, каде свежо цвеќе положи и делегација на Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

Свежо цвеќе беше положено и пред спомен обележјето на загинатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров и пред спомен обележјето во Волково, каде почит оддадоа владината делегација, предводена од советникот за одбрана на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски и делегацијата на Министерството за одбрана предводена од началник на Генералштаб на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

На низата одбележувања на овој настан, почит оддадоа бројни делегации, меѓу кои делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, претставници на локалната самоуправа, делегации на политички партии, како и членови на семејствата на загинатите бранители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...