fbpx

Гори галијата од „Скопје 2014“ спроти „Холидеј Ин“

Во моментов пожарникарски екипи го гасат пожарот, а засега е неизвесно од што тој е предизвикан

-

Пред половина час започна да гори галијата од „Скопје 2014“ која се наоѓа спроти хотелот „Холидеј Ин“ на кејот на Вардар. Во моментов пожарникарски екипи пристигнале на терен и почнале да го гасат пожарот. Засега останува неизвесно е од што тој е предизвикан.

Кога беше во функција, во овој објект имаше ресторан, но долго време веќе не е во употреба. Инаку ова не е прв пат да има пожар во истиот брод, истото се случило и пред две години, а Град Скопје во периодот на градоначалникот Петре Шилегов започна и процедура за рушење на оваа галија.

Повеќе информации во врска со причините за пожарот очекуваме во текот на денот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...