fbpx

Грчкиот министер Митараки поднесе оставка бидејќи бил на одмор додека беснеат шумски пожари

Премиерот Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на министерот одговорен за службите за јавна безбедност, вклучително и полицијата

-

Грчкиот министер за цивилна заштита Нотис Митараки поднесе оставка откако беше забележан на одмор додека шумските пожари се шират низ целата земја.

Премиерот Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на министерот одговорен за службите за јавна безбедност, вклучително и полицијата, која и помага на противпожарната служба со повеќекратните шумски пожари во туристичките дестинации, во близина на градовите и воените бази во изминатите две недели.

Очевидци, според локалните медиуми, го забележале сега веќе поранешниот министер Митараки на островот Патмос.

„Тој се појави вчера наутро на далечен остров за да го започне својот одмор, се качи на брод неколку часа, а потоа се врати во раните попладневни часови како се да е во ред, а капачите во областа се прашуваа дали гледаат правилно“, изјавил очевидец за весникот Катимерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кампања за вдомување кучиња – „ајде да ја испразниме Лајка“

Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да...