fbpx

Единици на Вагнер се движат кон Москва, забележани во областа Вороњеж

Британскиот разузнавачки извештај наведува дека бунтовништвото на Вагнер е „најзначајниот предизвик за руската држава во блиското минато“. Британското разузнавање предупредува дека ескалацијата може да прерасне во „директна воена конфронтација“

-

Министерството за одбрана на Велика Британија во најновиот разузнавачки извештај потенцира дека единици на платеничката војска Вагнер на Евгениј Пригожин се движат „северно од областа Вороњеж“ и речиси сигурно имаат за цел да стигнат до Москва, пренесува Би-би-си.

Вороњеж се наоѓа на половина пат меѓу милионскиот град Ростов-на-Дон на југот на Русија и рускиот главен град. Платеничката војска Вагнер објави дека го контролира најголемиот град на југот на Русија – Ростов-на-Дон, а британското Министерство за одбрана објави дека речиси сигурно борците на Вагнер окупирале клучни локации во градот Ростов-на-Дон.

Британскиот разузнавачки извештај наведува дека бунтовништвото на Вагнер е „најзначајниот предизвик за руската држава во блиското минато“. Британското разузнавање предупредува дека ескалацијата може да прерасне во „директна воена конфронтација“.

„Во текот на следните неколку часови, лојалноста на руските безбедносни сили, а особено на руската Национална гарда, ќе биде клучна за тоа како ќе се одвива кризата“, се наведува во разузнавачкиот извештај на британското Министерство за одбрана.

Во него се наведува и дека силите на платеничката војска на Вагнер преминале од Украина во Русија од најмалку две локации, а некои од војниците на руската регуларна војска „веројатно останале пасивни, соединувајќи се со Вагнер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...