fbpx

С.Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка на Југоисточна Европа

„Северна Македонија го презема претседавањето во тешки времиња, земајќи ја предвид сериозноста на војната што се води на нашиот континент против суверена и независна Украина“, изјави Османи

-

Претседавањето со Процесот за соработка на Југоисточна Европа од 1 јули ќе го преземе Северна Македонија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички што се одржува во Будва, што е последен министерски состанок во рамките на црногорското претседавање.

Во своето обраќање, Османи се заблагодари за успешното претседавање на Црна Гора, афирмирајќи ја подготвеноста на Северна Македонија, преку своите приоритети и посветеност, иницијативата да продолжи да биде корисна платформа за соработка во регионот.

„Северна Македонија го презема претседавањето во тешки времиња, земајќи ја предвид сериозноста на војната што се води на нашиот континент против суверена и независна Украина. Kога ги разгледувавме можните приоритети на нашиот мандат како иден претседавач, токму ова, како и преостанатите регионални предизвици и отворени прашања, нѐ натераа да се вратиме на основните вредности врз кои се потпира иницијативата –  добрососедските односи, стабилноста, безбедноста, соработката стремежот за интеграција на нашите земји во евро-атлантското семејство на слободни и демократски народи” рече Османи.

Меѓу другото, тој ја истакна важноста од заедничко дејствување за доброто на граѓаните на регионот, а во овој контекст и големата улога на земјите-учеснички на ПСЈИЕ кои се и земји-членки на ЕУ.

Османи изрази благодарност за новиот план за раст на Западен Балкан, објавен од претседателката на Европската комисија Фон Дер Лејен минатата недела во Братислава, како навремен одговор на нашата молба за поголема интеграција пред членството во ЕУ. Тој процес треба да донесе некои од придобивките од членството за луѓето од Западен Балкан веќе денес, порача Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...