fbpx

АХВ: Во доматите и во краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните

Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, рече на денешната прес-конференција директорот на Агеницјата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, додавајќи дека не му е јасно со која цел опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ шири паника во јавноста

-

Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, додавајќи дека не му е јасно со која цел опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ шири паника во јавноста.

„Ширењето лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ ќе поднесе пријава ќе знаеме наредните денови“, рече Бабовски.

Бабовски изјави дека негативни се резултатите од анализите за наводно присуство на резидууми од метали и тешки метали.

„Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми“, рече Бабовски и порача дека кога се излегува да се каже нешто, тоа треба да биде точно и вистинито.

Прашањето за безбедноста на доматите и краставниците се отвори неодамна, а пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и во краставица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Десетици убиени во напад врз градот Деир ал Балах во централна Газа

Десетици Палестинци починале поради израелски напад врз засолништа во кои се сместени раселените луѓе во градот Деир ал-Балах во централна Газа, вели шефот на локалната болница, пренесува Гардијан. „Имаме 45...