fbpx

Јанакиески: Имаме клуч од собата со избирачки списоци

-

Во вториот блок аудиоснимки што вечерва беа презентирани на трибината на СДСМ во „Универзална сала“, во првиот објавен разговор, министерот Миле Јанакиески со соговорник се договара за избирачките списоци. Соговорникот му вели дека од вреќите со избирачки материјали, успеал да извади четири-пет избирачки списоци.

Јанакиески го кани веднаш кај него во канцеларија за да му ги презентира.

Во следниот разговор, пак, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков разговараат за украдените избирачките материјали и за тоа дали може да се извадат уште.

Тие разговараат за тоа дали Мијалков има луѓе што можат да ги извадат списоците од црните вреќи за да имат повеќе избирачки списоци и за да се види кој за кого гласал.

Тие го договараат и тоа како потоа да ги правдаат избирачките списоци од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Пристанишниот град Одеса беше бомбардиран синоќа, пренесува Би-би-си и Еуроњуз. Нападната беше зградата која локалци ја нарекуваат „Хари Потер замок“. Засега се забележани најмалку пет загинати лица. Тие кои биле...