fbpx

Намалени трошоците за живот во однос на февруари, инфлацијата во март 14,7 отсто

Намалување е забележано и кај индексите на трошоците на живот кај воздухопловниот патнички сообраќај за 6,2 отсто, игрите, играчките и хобијата за 5,1 отсто, течните горива за домаќинствата за 2,5 отсто

-

Трошоците за живот и цените на мало во март се намалиле за 0,1 отсто во споредба со февруари, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот во март, во споредба со февруари, е забележано кај лебот и житата за 4,7 отсто, кај млекото за 4,6 отсто, маслото и маснотиите за 2,4 отсто, сирењето и урдата за 2,2 отсто, свежото и разладено овошје за 1,2 отсто, рибата и морските плодови за 0,8 отсто и јајцата за 0,2 проценти.

Намалување е забележано и кај индексите на трошоците на живот кај воздухопловниот патнички сообраќај за 6,2 отсто, игрите, играчките и хобијата за 5,1 отсто и течните горива за домаќинствата за 2,5 отсто.

Од друга страна, во март годинава во споредба со претходниот месец е забележан пораст на индексите на трошоците за живот кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,8 отсто, минералната вода, газираните пијалаци и соковите од овошје и зеленчук за 2,1 отсто, кафето, чајот, какаото и виното за 0,8 отсто.

„Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај градините, растенијата и цвеќињата за 6,8 отсто, стоматолошките услуги за 4,3 отсто, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 4,1 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 3,8 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 3,6 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за  2,8 отсто, велосипедите, електричните апарати за лична хигиена за 2,5 отсто, туристичките аранжмани за 2,2 отсто“, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во март, во споредба со истиот месец минатата година, пак, изнесува 14,7 отсто, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 10,7 проценти.

Министерот за економија Крешник Бектеши за ваквите податоци рече дека покажувале оти платите растат, а инфлацијата, односно цените се намалуваат.

„Споредено со претходните месеци ова е најголемо најголемото намалување споредено со октомври 2022 кога почнаа да се зголемуваат цените во нашата држава и на прехранбените производи и на енергенсите. Инфлацијата е намалена за два проценти споредно со претходниот месец и во март изнесува 14,7 отсто. Најважно е што има намалување на транспорт и храна, што значи дека мерките кои ги носиме даваат резултати“ кажа Бектеши коментирајќи ги последните податоци на Државниот завод за статистика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...