четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: трошоци на живот | 18 резултати

ДЗС: Годишната инфлација во мај е 11,3 отсто

јуни 7, 2023

Трошоците на живот во мај 2023 година се зголемиле за 11,3 отсто во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во мај 2023 година, споредено со април годинава, трошоците на живот се зголемиле за 0,4 отсто, додека цените на мало се намалиле за 0,9 отсто. На годишно ниво, статистичките податоци […]

Опаѓа притисокот, во април годишната стапка на инфлација се намалила на 13 отсто

мај 8, 2023

Годишната стапка на инфлација во април 2023 година, во споредба со истиот месец лани бележи зголемување од 13 отсто, a индексот на цените на мало, бележи зголемување од 10,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. И покрај постепеното стишување на инфлацијата, статистичките податоци покажуваат дека таа во април била најголема кај храната и […]

Намалени трошоците за живот во однос на февруари, инфлацијата во март 14,7 отсто

април 7, 2023

Трошоците за живот и цените на мало во март се намалиле за 0,1 отсто во споредба со февруари, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Според ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот во март, во споредба со февруари, е забележано кај лебот и житата за 4,7 отсто, кај млекото за 4,6 отсто, маслото […]

Храната за една година поскапела 26 отсто, инфлацијата во февруари е 16,7 отсто

март 7, 2023

За период од една година, храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за 25,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на животот во февруари 2023, во споредба со истиот месец лани, бележи зголемување од 16,7 отсто, а индексот на цените на мало е зголемен за 12,4 отсто. Ако се погледнат статистичките податоци […]

Цените во јануари за 17,1 отсто повисоки отколку пред една година, поскапени повеќе производи и услуги

февруари 14, 2023

Индексот на трошоците на животот во јануари годинава, во однос на истиот месец минатата, 2022 година, бележи зголемување од 17,1 отсто, додека индексот на цените на мало, исто така, е зголемен и тоа за 13,3 отсто, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Од друга страна, пораст на цените во изминатиот месец во споредба со декември […]

Годишната инфлација лани достигнала 14,2 отсто, трошоците за храна повисоки за над 20 отсто

јануари 9, 2023

Инфлацијата во 2022 година во Македонија изнесувала 14,2 отсто, додека индексот на цените на мало бил зголемен за 12,6 отсто во споредба со 2021 година. Зголемувањето на индексот на трошоците на животот лани бил најголем токму кај храната и безалкохолните пијалоци, кои за една година поскапеле за 20,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за […]

Инфлацијата се искачи на загрижувачки 19,5 отсто на годишно ниво

декември 7, 2022

Трошоците за живот во ноември 2022 година се искачиле за дури 19,5 отсто во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Покрај загрижувачката инфлација, индексот на цените на мало во ноември годинава исто така бележи зголемување од 15,2 отсто. Во временски период од една година, најзагрижувачко е поскапувањето на храната […]

Инфлацијата во јули се искачи на 16 отсто, трошоците на живот за еден месец скокнале за 1,9 отсто

август 8, 2022

Годишната инфлација во земјава во јули 2022 година се искачи на 16 отсто, додека индексот на трошоците на живот во период од јуни до јули 2022 година се зголемиле за 1,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало бележи зголемување од 14 отсто во јули 2022 година, споредено со […]

Инфлацијата во јуни се искачила на 14,5 отсто, зејтинот за една година поскапел за над 50 отсто

јули 7, 2022

Инфлацијата во земјава во текот на јуни достигнала нов рекорд од 14,5 отсто, во споредба со идентичниот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Растот на трошоците на живот најмногу се чувствува кај прехранбените производи и транспортот. Па така, во јуни 2022 година маслото и мастите поскапеле за 51,1 отсто во однос на […]

Цените на мало во февруари зголемени за 8,6 отсто во споредба со истиот месец лани

март 7, 2022

Раст на инфлацијата, односно трошоците на животот, во февруари 2022 година за 7,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Цените на мало пак во вториот месец од годинава се зголемени за 8,6 отсто во однос на февруари 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. За една година, најголем раст кај цените […]

Едногласно изгласан законот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари

февруари 23, 2022

Едногласно – со 90 гласови „за“ и ниту еден „против“ или воздржан, попладнево пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за минимална плата, со кои наместо 15.000 денари, минималната плата од април ќе изнесува 18.000 денари. Се очекува со новото законско решение поголема плата да добиваат околу 80.000 работници. Одлуката е донесена по три […]

Анализа на Порталб: Од 2014 регистриран највисок ценовен раст – 2021 беше година на скапотија

јануари 25, 2022

Раст на цените на мало за цели 6 отсто во декември 2021 година во однос на истиот месец од 2020 година. Трошоците на живот зголемени за 4,9 отсто. Овие вредности се највисоки што се регистрирани во месец декември од 2014 година до сега. Светските анализи покажуваат дека и годинава се очекува раст на цените на […]

Цените на мало во септември зголемени за 5,6 отсто, трошоците на живот со раст од 3,7 проценти

октомври 7, 2021

Индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи зголемување од 3,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5,6 отсто, се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Зголемување на трошоците на животот и цените на мало се забележува и во споредба […]

Порталб: Платата наспроти трошоците – за основна живеачка потребни се 554,5 евра месечно!

август 2, 2021

Расте просечната плата во државата, но растат и трошоците на живот. Според статистиката во мај годинава во споредба со истиот месец лани просечната нето плата се зголемила за 8,8%, пишува „Порталб“. Според податоците, пак, од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на „минималната синдикална кошничка“ се зголемила за скоро 12 евра во јуни годинава […]

Страна 1 од 1