fbpx

Прва собраниска седница посветена исклучиво на унапредување на родовата еднаквост

На дневен ред е Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија

-

Собранието, по повод Меѓународниот ден на жената 8.Март, ја одржува првата седница посветена исклучиво на унапредување на родовата еднаквост. Истовремено се одбележува и 20-годишнината од формирањето на Клубот на пратенички. На дневен ред е Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија.

На седницата присуствуваат министерките и заменичките-министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор, како и од домашни и меѓународни невладини организации кои континуирано соработуваат со Клубот на пратенички од формирањето во 2003 година до денес.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод Меѓународниот ден на жената упати порака до пратеничките да бидат гласни, храбри, бестрашни, водилки во градење на похумано, демократско и рамноправно општество. Тој најави дека традиционално секоја година Собранието ќе одржува седница посветена на унапредувањето на состојбите на родовото прашање и родовата еднаквост во државава.

„Во овој период во овој законодавен дом и со несебични заложби на сите парламентарни состави сме усвоиле исклучително значајни измени кои одеа во насока на изедначување, подобрување, заштита и унапредување и вреднување на статусот и придонесот на жената како рамноправен член на општествената заедница. Следствено донесени се неколку национални стратегии со кои ќе бидат покриени сите општествени работи. Секако тие ќе продолжуваат и со новини. Немојте да потклекнете колку и да се чини дека ова е машки свет, сепак светот е ништо без жената и вистинскиот дар би бил да го земете токму Вие светот во раце и да го водите. Убеден сум дека тоа ќе биде многу подобар и поубав свет за сите. Борбата треба да продолжи понатаму се до приклучување и на последниот маж во вашите редови до вас и со вас заедно“, рече Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...