fbpx

Претставници на ЗНМ во Брисел ги пренеле барањата од неодамнешниот новинарски протест

-

Безбедни новинари и сниматели, крај на неказнивоста на напаѓачите врз новинарите, крај на агресивниот „ПР“ на Владата и на омаловажувачкиот однос на политичарите кон медиумските работници, итно формирање на фонд за квалитетни медиумски продукти – ова биле дел од темите што претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги истакнале за време на посетата на Европскиот парламент и Европската комисија во Брисел, информираше ЗНМ.

Претставници на Здружението денес и утре имаат средби со европратеници и лица вработени во Директоратот за проширување при Европската комисија при што денес разговарале на теми поврзани со правата на новинарите во земјава и условите во кои работат медиумите. ЗНМ ги пренело барањата од новинарскиот протест што се одржа на 17 февруари.

„Како важни прашања за евроинтеграцијата на државата беа посочени неколку конкретни работи и тоа: законскиот контекст и (не)имплементацијата на медиумските закони, потоа економскиот статус на медиумите и новинарите како предизвик во вршење на нивната работа, трето прашања поврзани со безбедноста на медиумските работници и четврто можноста да се формира фонд за новинарски продукти. Претставниците на ЗНМ, Младен Чадиковски и Драган Секуловски и пратеникот Илхан Ќучук, кој е известувач за Македонија во Европарламентот се согласија дека се потребни итни чекори за подобрување на состојбите, за што новинарската заедница, како што беше речено на состанокот има поддршка од Европарламентот“, се вели во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија.

Од таму додаваат дека на средбата било истакнато и оти новодонесените закони што се важни за медиумските работници, како Законот за граѓанска одговорност од клевета и навреда и Законот за измена на кривичниот закон се позитивни чекори, но не смее да се дозволи да има уназадување во другите процеси важни за слободата на медиумите.

Посетата на ЗНМ била во рамки на редовните активности на мрежата „SafeJournalists“, а европските претставници, како што информираа од Здружението, се согласиле дел од упатените барања да ги адресираат и како дел од идните активности на Брисел во Скопје.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy paid course free download
download samsung firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free