fbpx

Фатмир Меџети: Приоритет ќе ми биде решавањето на сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар

-

Новиот министер за здравство Фатмир Меџети во изјава за медиумите денеска кажа дека ќе го решава сообраќајниот хаос во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Мета.мк во декември лани пишуваше дека сообраќајниот хаос во овој дел е секојдневие за граѓаните кои се обидуваат да пронајдат паркинг место, а гужвите се и многу опасна ситуација за пациентите кои се доведуваат со брза помош и на кои им е итно потребна лекарска помош.

Меџети, освен тоа, кажа и дека ќе работи на ажурирање на позитивната листа на лекови.

„Како прв приоритет во нашата програма ќе биде решавање на сообраќајниот хаос на Клинички центар. Се консултиравме со сите институции и засегнати страни за да можеме во најбрз рок тоа да го решиме. Второ е да ја ажурираме позитивната листа која над 10 години не е ажурирана. На тоа ќе дадеме посебен фокус и ќе ги провериме сите законски, подзаконски акти, правилници и сè друго што е потребно за тоа да може да биде направено“, изјави тој.

Освен тоа, тој најави и дека ќе воведува иновативни методи во лекување и зголемувањето на платите на здравствените работници.

Мета.мк на 10 декември лани објави за проблемот со сообраќајниот хаос во скопскиот Клинички центар. Секојдневната негативна слика на закрченост со возила започнува уште на самиот влез, каде што возачите чекаат на ред за да пристапат во здравствениот комплекс. Секојдневен проблем се несовесните возачи што паркираат возила во лентата за движење, автомобили што ја окупираат лентата за движење на возилата за брза помош, а проблем е и застојот што се прави поради наплатата на билетите за паркирање кај наплатната куќичка.

Хаос со паркирањето во скопскиот Клинички центар, молк од надлежните власти

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...