fbpx

Девојче прегазено на пешачки премин во Велес, возачот избегал

-

Девојче загина на пешачки премин во Велес, а нејзината мајка е тешко повредена, откако синоќа возило удрило во нив. Според информациите од Основното јавно обвинителство во Велес до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина удрил во две лица на пешачки премин, мајка и ќерка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полицијата го нашла возилото и презема мерки за расчистување на случајот.

Според соопштението на ОЈО Велес, од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало.

Возачот кој ја предизвикал сообраќајната несреќа не запрел, туку со голема брзина избегал од местото на настанот, соопштуваат од ОЈО Велес.

Во дневниот билтен денеска Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Борис Трајковски“ патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...