fbpx

Не е точно дека СЕФ поттикнува иницијатива за евтаназија на домашни миленици

-

Сторијата на Си-Ен-Ен која се споделува во текстот од објавата не споменува никакво убивање, односно евтаназија на домашни миленици. Тој текст само се занимава со прашањето дека сопствениците би можеле на милениците да внимаваат каква храна им купуваат, бидејќи нивната исхрана богата со месо придонесува да се користи многу енергија и вода за производство. Во текстот се препорачува да се внимава каква храна му се дава на домашното животно, какви играчки му се купуваат и слично, а сето ова во контекст на климатските промени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека Светскиот eкономски форум наводно ќе поттикне иницијатива за евтаназија на домашни миленици, бидејќи тие го зголемувале јаглеродниот оттисок во воздухот, како борба против климатските промени.

Во објавата се вели:

Да видиме колку спектакуларно ова ќе им падне…
СЕФ ке потикне иницијатива за убивање/евтаназија на домашните миленици, поради тоа што го зголемувале јаглеродниот оттисок…т,е се разбира СЕ во борба за климатски промени..
Секако, сите знаеме дека ова е само подготвување терен за нешто што ќе се обидат да го воведат со закон, а не по слободен избор.

Во состав на постот се споделува фотографија од текст објавен на Њуз Панч. Целосниот текст може да се види на овој линк.

Во него се вели дека наводно Светскиот економски форум повикува милиони мачки и кучиња ширум светот да бидат евтанизирани во обид да се намали „јаглеродниот отпечаток“ што го произведуваат како резултат на јадењето месо. Во текстот не се споделува никаква информација од каде е изворот за наводната иницијатива на СЕФ, ама се споделува текст од Си-Ен-Ен, кој пак со манипулација се злоупотребува како да е наводен „предвесник” на оваа иницијатива.

Текстот на Си Ен Ен не споменува никакво убивање, односно евтаназија на домашни миленици. Тој текст само се занимава со прашањето дека сопствениците би можеле на милениците да внимаваат каква храна им купуваат, бидејќи нивната исхрана богата со месо придонесува да се користи многу енергија и вода за производство.

Исто така, производството на храна за домашни миленици придонесува кон емисиите на гасови кои ја загреваат планетата, пишува Си-Ен-Ен.

Затоа, во текстот се препорачува да се внимава каква храна му се дава на домашното животно, какви играчки му се купуваат и да се обрати внимание на видот на животното што се зема дома, односно неговата раса и вид. Ништо поврзано со евтаназија или било каква иницијатива на Светскиот економски форум за убивање домашни животни во контекст на глобалното затоплување, не се споменува, наспроти постот што го рецензираме.

Слична дезинформација како онаа која се споменува во постот што го рецензираме, е дебанкирана од проверувачите на факти на Фулфект во јули 2022 година.

Тогаш невистинито се тврдело дека Светскиот економски форум заговара иднина без домашни миленичиња или стационари.

Не најдовме примери во кои Светскиот економски форум сугерира дека луѓето не треба да имаат домашни миленичиња во иднина.

Напротив, СЕФ во октомври 2021 година има објавено текст во кој  се осврнува на истражување кое покажува кои се придобивките по менталното здравје од тоа да се има домашен миленик, за време на пандемијата против ковид-19, пишува Фулфект.

Во 2017 година Светскиот економски форум објави напис во соработка со сајтот Футуризам, за роботски кучиња, иако во ниту еден момент не сугерираше дека тие треба да ги заменат вистинските животни.

Точно е дека СЕФ се залага луѓето да јадат помалку месо, и има објавено бројни објави на социјалните мрежи каде што се промовира замена на месото и начин на исхрана кој се базира на зеленчук.

Но, не најдовме докази дека СЕФ го поврзал начинот на исхрана без месо, со елиминацијата на домашни миленици. Сепак, СЕФ се труди да се фокусира на животните и здравствените импакти поврзани со помала конзумација на месо, како што впрочем демонстрира ова видео.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...