fbpx

Јавен повик за организации што сакаат да се дел од процесот на преговори со ЕУ

-

Секретаријатот за европски прашања објави јавен повик за пријавување на сите заинтересирани граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Според вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, преговорите ќе се водат транспарентно и инклузивно, со сите општествени чинители.

„Граѓанскиот сектор e важен партнер во спроведувањето на реформите на патот кон ЕУ, бидејќи со своето знаење и искуство дава значаен придонес во развојот и подобрувањето на клучните стратешки документи, како и спроведување на политиките кои нè приближуваат кон членство во ЕУ“, смета Маричиќ.

Целта на овој повик е да се создаде регистар/база на граѓански организации на кои Секретаријатот за европски прашања ќе може да смета во текот на процесот преговори за пристапување на државата кон ЕУ и кои ќе може да ги известува континуирано и да ги консултира повремено за прашања поврзани со преговорите за пристапување на РСМ кон ЕУ.

Од Секретаријатот информираат дека заинтересираните граѓански организации имаат можност да се пријават за една или повеќе области и поглавја од правото на ЕУ за оние области и поглавја во рамки на нивното поле на делување.

„Сите граѓански организации кои се регистрирани според Законот за здруженија и фондации и кои делуваат на територијата на Република Северна Македонија имаат право да се пријават и да бидат регистрирани“, информираат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...