fbpx
Таг: Секретаријат за европски прашања

таг: Секретаријат за европски прашања

Во Брисел започна објаснувачкиот скрининг за кластерот „Ресурси, земјоделство и кохезија“

Од денеска па сè до 20 јули во Брисел, според скрининг агендата, македонската делегација заедно со албанската ќе го следи објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“, соопштија од Секретаријатот за европски прашања. Од таму велат дека се работи за важен и обемен кластер кој регулира пет поглавја поврзани со економскиот развој на земјата како земјоделство и рурален...

Јавен повик за организации што сакаат да се дел од процесот на преговори со ЕУ

Секретаријатот за европски прашања објави јавен повик за пријавување на сите заинтересирани граѓански организации за консултации за процесот на преговори за пристапување на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Според вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, преговорите ќе се водат транспарентно и инклузивно, со сите општествени чинители. „Граѓанскиот сектор e важен партнер во спроведувањето на...

Дрита Абдиу – Халили: На 15 септември започнува процесот на ажурирање на скринингот РСМ-ЕУ

Со официјалниот почеток на преговорите РСМ-ЕУ на 19 јули годинава, се наметна потреба од итна консолидација на механизмот за координација за управување со пристапниот процес, како клучна алка за обезбедување координација и поддршка на сите реформи кои се однесуваат на процесот на европска интеграција и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација-асоцијација. Во врска со преговарачката структура и нејзината подетална функција,...

Со естонска помош, започнува проект за унапредување на дигитализацијата во земјава

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска одржа прес-конференција за претставување на проектот за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија, што ќе се спроведува под координација на Секретаријатот за европски прашања со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој. Димитров и претставничката на Естонскиот центар за меѓународен развој Кадри...

Пристигнаа 12 респиратори и 5.000 маски донација од ЕУ

Како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби, денес во Скопје пристигнаа 12 машини за асистирано дишење - респиратори, како и пет илјади заштитни маски „N95“, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Набавката е реализирана преку агенцијата на обединетите нации УНОПС, во соработка со Секретаријатот за европски прашања. - Овие 12 машини...

Аеродромскиот воз е приоритетен кај транспортните проекти за кои ќе бараме средства од ЕУ

Министерството за транспорт и врски го стави како приоритетен проектот за воведување на железничка врска од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје на листата на проекти за кои во иднина ќе бараме поддршка од ЕУ и од другите меѓународни финансиски институции. Од ова министерство за „Мета.мк“ велат дека во втората половина на 2019 година до Секретаријатот за Европски прашања...

Објавен извештај за имплементацијата и реализацијата на планот 3-6-9

Заедно со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија ЕК) за состојбите и напредокот на земјава на патот кон почеток на преговорите со ЕУ,  истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страната на Секретаријатот за европски прашања. Според овој извештај, во изминатите девет месеци Македонија успеала...

Франција ќе испрати нов експерт во СЕП за приближување на Македонија кон ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со францускиот амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние со кого се договориле дека со завршувањето на мандатот на францускиот експерт Бертранд Милет, Франција да обезбеди присуство на нов експерт за европски прашања, што претставува директна политичка поддршка од страна на Франција, информираше кабинетот на вицепремиерот Османи. Османи изразил задоволство од досегашната...

Османи: Предизвикот е да направиме систем за координирање и за надзор на планот „3-6-9“

„Подготовката на планот „3-6-9“ беше полесната работа. Планот доби широка поддршка како надвор, од нашите меѓународни партнери, така и дома, кај домашната јавност. Но, сега ни е потребна имплементација на 73 мерки за три месеци, во услови на ограниченост од прогласувањето локални избори и од летните одмори. Сега предизвикот е да направиме систем за надзор, координирање и за информирање“, порача вицепремиерот за...

Османи го презентирал планот „3-6-9“ на амбасадорите од ЕУ и на Рот

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, во просториите на Делегацијата на Европската Унија го презентирал планот „3-6-9“ пред амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. - Во овој план се опфатени реформите што Владата ќе ги спроведува во претстојниот период од три месеци, односно до одржувањето на локалните избори, а во меѓувреме...

Експертите на ЕУ дале насоки за санирање на штетите од поплавите

Питер Глерим, лидерот на тимот експерти на Европската Унија кои минатата недела пристигнаа во земјава преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита, на денешниот втор координативен донаторски состанок за поплавите, меѓудругото ги презентирал „советите кои се однесуваат на листата за потреби, геохидролошките проблеми и проблемите со канализацијата, како и начините на кои тие ќе се решаваат и ќе се...

Вицепремиерот Бесими на работна средба во Австрија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, престојува во работна посета на Република Австрија, каде што се сретна со министерот за Европа, интеграција и за надворешни работи, Себастијан Курц. – Поддршката од страна на Австрија е од суштинско значење за Македонија, истата e зајакната и со донесувањето на Акцискиот план Австрија - Македонија, во текот на Вашата посета на земјата...

СЕП: Потребна е понатамошна меѓународна помош за справување со бегалската криза

Секретаријатот за европски прашања денеска организираше втора донаторска конференција посветена на зголемениот наплив на бегалци и на мигранти, за координирање на напорите и на акциите на сите засегнати страни во справувањето со овој предизвик во глобални размери. На конференцијата се обратија заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, евроамбасадорот Аиво Орав, директорката на Центарот за управување...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...