fbpx

МФ: Земјава го задржа кредитниот рејтинг на „Фич’ „ББ+“ со негативен изглед

-

Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со негативен изглед кој е резултат на спроведувањето добри политики на владеење, кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс, соопшти Министерството за финансии (МФ).

„Фич“ во извештајот наведува дека почетокот на интегративниот процес со ЕУ ќе ја зацврсти политиката, ќе го поддржи извозот и приливот на странски директни инвестиции, со што ќе се избалансираат негативните влијанија од конфликтот во Украина, се вели понатаму во соопштението.

Агенцијата предвидува дека интензивирањето на ефектите на енергетската криза и очекувањата за контракција во еврозоната да влијаат врз растот на македонската економија, кој ќе остане во позитивна зона, а со намалувањето на геополитичките ризици и притисоците на цената на енергијата, подобрување на надворешната побарувачка, како и со постепената фискална консолидација се очекува растот на економијата да забрза и да достигне 3,2 отсто од БДП во 2024 година.

Агенцијата предвидува зголемување на странските директни инвестиции до 4 отсто од БДП во 2022 година поради континуираните инвестиции во енергетскиот и автомобилскиот сектор, се вели во соопштението од министерството, кое потсетува дека претходно кредитниот рејтинг на РС Македонија го потврди Агенцијата „Стандард и Пурс“ на „ББ-“ со стабилен изглед.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...