fbpx

Од ноќеска пониски цени на горивата

-

Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,41 отсто во однос на одлуката од 19 октомври, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1 денар за литар и од ноќеска ќе изнесуваат 88 денари за литар ЕУРОСУПЕР БС-95 и 90,5 денари по литар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, па литар ЕУРОДИЗЕЛ од ноќеска на полноќ ќе чини 100,5 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари за литар, додека килограм мазут ќе се продава за 49,483 денари.

Од РКЕВУ информираат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, по кој беа формирани цените со претходната пресметка, е понизок за 0,574 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...