fbpx

Советот на Благоевград донесе декларација против отворањето на Македонскиот културен клуб

-

На седницата на Советот на општина Благоевград на 7 октомври, со 25 гласа „за“, ниту еден „против“ и четиримина воздржани – а 12 советници отсутни – е изгласана декларација и донесено решение (страници 3,4 и 5) со кое отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ се смета за груба провокација и испад на „организации нелегитимни за бугарското право“.

Декларацијата, фактички, е препрека за отворањето на клубот, закажано за 30 октомври. Инаку, претходно, од стаклото беше одлепена почетната буква „М“ од натписот.

Во нејзиниот текст, чиј автор е советникот Кирил Илиев, се вели дека наводно македонската нација била вештачки создадена во 1934 година.

Наспроти сето законодавство на ЕУ, кое овозможува лични и национални права, со усвојувањето на декларацијата, советниците од Благоевград сметаат дека ваквиот центар претставува провокација, нелегитимна за бугарското право.

Советот на општина Благоевград смета дека со отворањето на клубот грубо се прекршува Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија и се погазуваат сите досега постигнати напори за подобрување на односите на Бугарија со Северна Македонија и се попречува нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тошковски: Ќе одговара секој кој незаконски ќе влијае во текот на изборниот ден

МВР ги има сите човечки капацитети, технички ресурси потребни за да гарантираме еден фер и демократски изборен процес и притоа македонскиот граѓанин слободно, врз основа на сопствено убедување си...