Изложба на дела на Стефан Шашков во Њујорк инспирирани од амбиентална музика

Фото: Номад Арт

Во периодот од 22 октомври до 2 ноември во Mакедонскиот културен центар во Њујорк ќе биде поставена изложбата „More Bright Than No Light“ на реномираниот уметник Стефан Шашков.

Во организација на здружението Номад-Арт Скопје, во изложбениот простор Gallery MC ќе бидат поставени дела на Шашков, кои се инспирирани од амбиенталната музика на музичари како Брајан и Роџер Ино, Роберт Фрип, Харолд Бад, Даниел Лануа, и Мајкл Брук.

Фото: Номад Арт

Секој серијал од овие слики е инспириран од некое од изданијата на овие музичари и ја отсликуваат аморфната природа на нивната музика. Делата претставуваат игра со тоналитети, бои и пристапи.

Фото: Номад Арт

Наскоро се очекува и издание на книга, во која на едно место ќе се најдат сликите од изложбата, но и дела кои последователно биле инспирирани од делата на овие музичари и создадени само за ова издание.