fbpx

Украина за еден месец ослободила повеќе од 600 населени места

-

Украинската армија за еден месец успеала да ослободи повеќе од 600 населени места, од кои 75 се лоцирани во Херсонскиот регион, јавува Гардијан. Најголемиот дел од нив, или над 500, се ослободени во Харкивскиот регион на истокот од земјата, каде што Русија беше поразена и речиси целосно протерана од овој регион. Властите тврдат дека од руска окупација се ослободени и 43 населени места во Донецкиот регион, како и седум во Луханскиот регион.

Како уште еден индикатор за руските порази во Украина, весникот Гардијан ги пренесува информациите на руските власти дека денеска започнала евакуацијата на жители од Херсонскиот регион во Русија. Ова се случува откако проруските власти од овој регион им сугерираа на сите жители, доколку сакаат да се заштитат од последиците на ракетирање, да заминат во „друг регион на Русија“.

Во меѓувреме, руската армија продолжува со ракетирање на украинските градови. Во пристанишниот град Миколаив вчера биле ракетирани нови објекти, при што се регистрирани најмалку две загинати цивили. Укринформ јавува и за ракетирање на градот Никопол во Днипропетровскиот регион и градот Запорижја, каде што се погодени десетици станбени згради и куќи.

Британското министерство за одбрана во најновиот извештај посочува дека Русија од јули има многу ограничен напредок на линиите на фронтот, наспроти постепеното губење на територии во Украина. Руските сили во централниот дел на Донбас се обидуваат да навлезат кон центарот на градот Бахмут во Донецкиот регион. Тие успеале да се придвижат кон селото Опутине и Иванград, но и ваквите напредувања се многу бавни, пренесува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...