fbpx

Вархеји: Северна Македонија има издржан реформски напредок кон ЕУ

-

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска ги презентираше извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција пред Европскиот парламент. Во врска со извештајот за Северна Македонија, тој изјави дека 2022 беше важна година со отпочнувањето на преговарачкиот процес.

„Северна Македонија го отпочна преговарачкиот процес со првата политичка меѓувладина конференција што одамна требаше да се случи, ова е пробив за земјата, Северна Македонија покажа одлучност и издржан напредок“, изјави Вархеји пред европратениците.

Меѓу точките кои ги истакна еврокомесарот е и правото Северна Македонија да го задржи реформското темпо и да го искористи процесот на скрининг, за да го искористи својот потенцијал за забрзување на реформите. Според него, потребни се дополнителни напори во областа на јавната администрација.

Извештајот го поздравува целосното усогласување на Северна Македонија со надворешната политика на ЕУ, посебно во однос на Украина.

„Со ова земјата ја покажа својата одлучност да напредува на својот ЕУ пат“, изјави Вархеји.

Во извештајот што го презентираше Вархеји се наведува и дека се направени реформи во службите за безбедност, но треба да се зајакне капацитетот за парламентарен надзор врз работата на тајните служби, а забележано е дека доцни донесувањето на законите за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор.

Во извештајот исто така е наведено дека земјата е умерено подготвена во однос на слободата на изразување, а дека реформите во Македонската радиотелевизија се закочени поради одложувањето на именување членови во Програмскиот совет.

Во делот за борбата за спречување на корупцијата, се наведува дека Државната комисија за спречување на корупцијата беше проактивна во спречување непотизам, кронизам и политичко влијание во процесот на вработување во јавниот сектор и при назначувањето членови на надзорните и управни одбори.

Исто така, се додава и дека правниот систем постигнал одреден степен на подготвеност и е умерено подготвен, а земјата постигнала и одредено ниво на подготовка и е умерено подготвена за превенција и борба против корупцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...