fbpx

Украински разузнавачи: Русите би можеле да предизвикаат голем пожар во нуклеарката „Запорижја“

-

Вооружените сили на Руската федерација складирале големи количества нафтени деривати во кругот на нуклеарната централа „Запорижја“, што сугерира дека би можеле да предизвикаат голем пожар, како провокација, известува Guildhall, пренесувајќи го Фејсбук-статусот на Олександр В. Даниљук, шеф на Центарот за одбранбени реформи и координатор на меѓуминистерската платформа на Украина за борба против хибридните закани, којашто функционира во рамките на соработката на Украина и НАТО.

Тој се повикува на разузнавачки извештај.

„Украински разузнавачки извори во нуклеарната централа Запорижја известуваат дека Русите, спротивно на мерките за сигурност распоредиле големи количества моторни горива низ централата. Можна е провокација со потпалување на горивото“, се вели во извештајот.

Според Даниљук, за извесноста на подметнување пожар од страна на руските сили говори и фактот дека кон нуклеарката се упатени дополнителни руски единици за радијациска, хемиска и биолошка заштита.

Инаку од утрово, руските вооружени сили почнаа авионски напади во правец на градот Запорижја (во руски изговор: Запорожје) и на Јужен Бух, извести ukrinform.net.

Активностите на руските сили се насочени кон воспоставување целосна контрола на украинските региони Луханс и Донецк, задржување на освоените делови на регионот Херсон и на делови од Харкив, Запорижја и Миколаив.

Во меѓувреме, компанијата „Бајкар Макина“ од Турција, којашто ги произведува беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“, коишто активно се користат од Вооружените сили на Украина за напади врз рускиот агресор, ја пофали умешноста на украинските воени сили во користењето на леталата за напади.

„Пред војната обучивме украински оператори и сега тие умешно ги користат дроновите. Ги следам нивните операции преку вестите и ја гледам нивната ефикасност. Се разбира, според спознаеното на бојното поле, се прават унапредувања. Тие мора постојано да се усовршуваат. Поради динамиката на бојното поле и околината во којашто оперираат, таа работа никогаш не престанува. Би сакал да одбележам дека вашите оператори го прават најдоброто и покажуваат навистина голема умешност во управувањето на дроновите“, вели Халук Бајрактар од турската компанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...