fbpx

Нови 473 случаи на ковид-19, три лица починале

-

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени  1.131 тестови, а регистрирани се нови 473 случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 204, Битола – 37, Охрид – 31, Куманово – 21, Струмица – 20, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Кочани – 14, Велес и Кичево – по 12, Тетово и Гевгелија – по 11, Штип – 9, Неготино – 7, Радовиш – 6, Струга, Ресен, Свети Николе и Берово – по 5, Гостивар, Делчево и Виница – по 4, Крива Паланка и Кратово – по 3, Демир Капија – 2, Дебар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 114 реинфекции.

Регистрирани сe 513 оздравени пациенти од ковид-19 во изминативе 24 часа.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица од Скопје (76г), Охрид (70г) и Прилеп (93г). Две лица се починати во болнички услови и едно во домашни услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.141.456 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.513, бројот на оздравени пациенти е 324.633, на починати е 9.440, а бројот на активни случаи изнесува 3.440.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...