fbpx

Одржана комеморација во Цетиње, Црна Гора се простува со загинатите

-

Во црногорскиот град Цетиње денеска се одржа комеморација по повод загинувањето на граѓаните кои ги изгубија своите животи во петочкиот масакр, јавува весникот Побједа. На комеморацијата присуствуваа претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Дритан Абазовиќ и градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ.

„Од завчера нашиот град е окован во тага и шок, невини жртви страдаа без никаква вина во еден безумен напад“, изјави градоначалникот Ѓурашковиќ.

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост поради трагедијата, во која животот го изгубија 10 невини жртви и напаѓачот Вук Бориловиќ, додека шест лица беа повредени во петочниот масакр. Низ земјата денеска се погребуваат и загинатите лица во трагедијата.

Масакрот се случи во петокот, а крвопролевањето почнало во 15:30 часот во населбата Медовина. 34-годишниот Вук Бориловиќ од Цетиње, пукал првин на неговите потстанари, при што ги убил двете деца, едното на возраст од осум, другото на возраст од 11 години, а ја ранил нивната мајка, која подоцна во медицинска установа им подлегнала на повредите. Потоа излегол од улица и од истото оружје пукал на жители на Медовина, при што убил уште седум лица, а ранил шест лица.

Убиецот потоа почнал да пука по полицијата, која возвратила со оган. Во тие мигови кон Вук Бориловиќ од друга страна пукал и Н.К, со што бил убиен самиот напаѓач.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...