Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека Ер тракторот, односно специјализираниот авион полета за да помогне во гаснењето на пожарот во беровско.
„По појавата на пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци во беровско во која е зафатена голема површина со дабова и нискостеблеста шума, Дирекцијата за заштита и спасување се активира со 5 тима за гасење на пожари со вкупно 36 лица и 8 возила“, велат од ДЗС.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов пред малку на Фејсбук објави дека во моментов пожарот е под контрола.
Претходно градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, откако утрово во 5 часот во гаснењето се вклучи и хеликоптер на МВР се заблагодари за брзата и професионална реакција на Противпожарната единица, МВР, Центарот за управување со кризи, екипите на ЈП „Македонски шуми“ и граѓаните доброволци кои со заеднички напор спречуваат да не се повторат минатогодишните катастрофални пожари што го беровскиот регион.