fbpx

Ер тракторот полета да го гаси пожарот во Берово, вклучени и хеликоптери на МВР

-

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека Ер тракторот, односно специјализираниот авион полета за да помогне во гаснењето на пожарот во беровско.

„По појавата на пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци во беровско во која е зафатена голема површина со дабова и нискостеблеста шума, Дирекцијата за заштита и спасување се активира со 5 тима за гасење на пожари со вкупно 36 лица и 8 возила“, велат од ДЗС.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов пред малку на Фејсбук објави дека во моментов пожарот е под контрола.

Претходно градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, откако утрово во 5 часот во гаснењето се вклучи и хеликоптер на МВР се заблагодари за брзата и професионална реакција на Противпожарната единица, МВР, Центарот за управување со кризи, екипите на ЈП „Македонски шуми“ и граѓаните доброволци кои со заеднички напор спречуваат да не се повторат минатогодишните катастрофални пожари што го беровскиот регион.

„Очигледно е дека системот функционира ефикасно и со посветеноста на сите вклучени луѓе ќе успееме да го локализираме пожарот“, напиша Пекевски на својот Фејсбук профил.  .

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...