fbpx

Македонско друштво „Илинден” од Тирана одбележа шест години плодна активност

-

Mакедонско друштво „Илинден“ од Тирана, по повод шестгодишнината од основањето, на заслужни активисти им додели благодарници „Илинден“. Признанијата им се доделени на Џевит Дрини и на Хамит Гордани, активисти од Тирана, и на Ибраим Фетаху и на Мојси Халилај, активисти од областа Голо Брдо. Сите се членови на Македонско друштво „Илинден“ со седишта во Тирана и во Голо Брдо.

Од Република Македонија, благодарница ѝ е доделена на проф. д-р Катерина Тодороска, научен советник во Институт за национална историја – Скопје, за нејзиното научно творештво поврзано со историјата и со катадневниот живот на македонското национално малциство во Република Албанија. Таа е автор на книгата „Македонците во Албанија (1912- 1991)“.

– Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и за стручниот ангажман и за перманентните активноси во насока на зачувување и на одржување на идентитетот на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Добитниците дале особен придонес за унапредување на животот, историјата, културата и за зачувување на автентичната македонска традиција во Албанија. Mакедонско друштво „Илинден“ од Тирана од неговото формирање на 6 февруари 2009 година, континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство. Воедно, наша заложба е и зајакнувањето на одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Албанија – вели претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...