fbpx

Последни подготовки на новата грчка листа за државни реформи

-

Грчката влада нема да одмора на денешниот верски празник за почетокот на велигденските пости. Наместо во таверна на морски плодови и летање змејови, владата на Алексис Ципрас ја довршува листата со реформи и повторно се наоѓа на работ на седиштето во исчекување на европско зелено светло за нејзините предлози за рефомирање на државата. Министерот Јанис Варуфакис има краен рок до полноќ да испрати конечна листа со предлози до Европската централна банка, Европската комисија и до ММФ, кои ќе го осигураат четиримесечното продолжување на финансиската помош за Грција во висина од 172 милијарди евра.

Според првичните информации, владата ќе испрати листа со опис на реформите што ги планира, без да спомене специфични, конкретни мерки. Она што се слуша во Грција е дека Ципрас ќе се фокусира на мерки за справување со најголемата рана на грчката економија, даночното затајување, со кое се обидуваа да се справат и владите на Јоргос Папандреу и на Андонис Самарас, мерки за справување со корупцијата, реформи што ќе го помогнат справувањето со хуманитарната криза кај народот поради досегашите строги мерки за штедење. Предвидени се и реформи во јавната администрација со кои ќе се направи правилна процена за да може да се прочисти администрацијата од превработеност, како и мерки за справување со потребата за приватизација, но мерки кои ќе стават крај на шверцот на бензин и на цигари, даноци за богатите и за олигарсите. Според информациите, целта на грчката влада ќе биде мерките да обезбедат околу седум милијарди евра. Сепак, и покрај предлозите за мерки, грчката влада ќе постави и одредени црвени линии од кои нема да отстапи како барањето за зголемување на минималната плата на 751 евро, подобрување на работничките услови, враќање на работа на отпуштените чистачки и други вработени, како училишните чувари и наставниците, но и укинување на одредени даноци.

Ципрас во моментов е во сендвич од притисоци меѓу Брисел и дел од членовите на СИРИЗА. Грчкиот премиер се најде на удар кога европратеникот од СИРИЗА, Манолис Глезос, остро го искритикува за напуштање на основните вредности и ветувања поради прифаќањето на договорот со Брисел и со Еврогрупата.

„Преименувањето на „тројката“ во институции, на меморандумот за штедење во договор и на нашите позајмувачи во партнери е исто како рибата да ја прекрстиме и да ја викаме месо, но тоа нема да смени ништо суштинско од претходната ситуација. Помина еден месец како народот го изгласа она што го ветуваше СИРИЗА – уникување на строгите мерки за штедење, укинување на „тројката“, сите закони поврзани со строгите мерки за штедење. Со еден закон ја укинавме „тројката“, но никако најавата да стапи на сила. Сакам да му се извинам на грчкиот народ што соучестував во оваа лага“, вели Глезос во негова колумна, апелирајќи дека сè уште не е доцна да се реагира и да се изменат работите.

На негова страна застана и европратеничката Софија Сакорафа, која на твитер-профилот забележа дека народот јасно гласал против меморандумот за штедење и владата нема право да продолжи да го спроведува.

Од кабинетот на премиерот со доза нервоза реагираа на критиката на Глезос, коментирајќи дека е можно европратеникот да не е добро информиран за деталите од преговорите за доворот со Брисел.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...