По седум години пауза, отворен Лекторат по македонски јазик во Тирана

„Oтворањето на единаесеттиот лекторат по македонистика во светот има извонредно значење за македонско-албанските високообразновни, научни и културни односи меѓу двете пријателски и соседни земји“, рече на отворањето ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова

-

На Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, вчера беше отворен Лекторатот по македонски јазик, на иницијатива на Меѓународниот семинар за македонски, јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје.

На свечената церемонија обраќања имале ректорот на Универзитетот во Тирана проф. д-р Артан Хоџа, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова, деканката на Факултетот за странски јазици проф. д-р Есмералда Кромида, директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ проф. д-р Кристина Николовска, како и амбасадорот на Македонија во Албанија, Данчо Марковски. Свое обраќање имала и новоизбрана лекторка по македонистика во Тирана, д-р Славица Свидерска.

Ректорката Биљана Ангелова кажа дека со ова се отвора важна страница од мисијата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

„Отсега македонскиот јазик повторно ќе се изучува во Тирана, а македонистиката ќе се шири и расте од слушалните и амфитеатрите на Универзитетот. Очекуваме значаен подем за македонистиката во светот. Отворањето на единаесеттиот лекторат по македонистика во светот има извонредно значење за македонско-албанските високообразовни, научни и културни односи меѓу двете пријателски и соседни земји. Денес ја славиме македонистиката и филологијата, нејзината безграничност, нејзината способност да отвора граници, дијалози, да започнува и овозможува соработки. Преку заемни проникнувања откриваме богатства на други култури и контексти“, рече Ангелова.

Лекторати по македонски јазик има во неколку универзитетски центри во светот. Освен во Албанија, лекторати има во Полска, Романија, Кина, Русија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска, како и во други земји.

Заради врнежите, водоводот во Тетово со намален притисок, а во Гостивар водата не е за пиење

Центарот за Управување со кризи информира дека во Тетово има намалено количество вода во водоводот, а во Гостивар водата воопшто не е за пиење. Јавното комунално претпријатие „Шар“ од...