fbpx

Мицкоски го одби францускиот предлог, повикува на протест

-

Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски категорично одби да го прифати францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Тој предлогот го нарече „ултиматум за иднината на нашата Македонија“ и додаде дека констатирал дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот.

Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат отворање преговори базирани на францускиот документ.

„Јас ултиматуми по цена на достоинството на народот не прифаќам и нема никогаш да се согласам со тоа“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и ја повика јавноста на како што рече, сенароден протест, што ќе се одржи утре пред платото на владата на Република Македонија во 19 часот.

Османи: Добивме чиста формулација за македонскиот јазик, без никакви додавки

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...