fbpx

СДСМ: Манипулациите преку „Јутјуб“ се кукавички обид за спас на власта

-

За СДСМ, објавените снимки од разговор меѓу Љубе Бошкоски и уште едно лице со заматен лик, на видеосервисот „Јутјуб“, се „кукавичко барање спас“ на власта на премиерот Никола Груевски и „барање алтернативни механизми за одбрана“ по објавувањето на аудиоматеријалите од опозицискиот лидер, Зоран Заев, реагира денеска преку соопштение најголемата опозициска партија.

„Медиумските одработувачи повеќе не му се од корист на Груевски. Затоа тој посегнува по алтернативни механизми на одбрана, но тие го влечат подлабоко во калта. Вистинското лице на Никола Груевски и на неговите соработници e разобличено. Монтираните политички случаи, скандалозните местенки на обвинителско-судски одлуки, прислушувањето на граѓаните се само дел од суровата „Вистина за Македонија“, која ќе биде обелоденета докрај пред граѓаните“, стои во соопштението од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...