fbpx

Израел купува од САД нови 14 борбени авиони Ф-35

-

Израелските власти денеска соопштиле дека од САД ќе набават 14 борбени авиони Ф-35 од последната генерација, во вредност од три милијарди долари, пренесуваат светските агенции.

Како што соопштиле од израелското министерство за одбрана, еден авион во просек чини 110 милиони долари.

Израел во 2010 година го потпиша првиот договор со производителот на Ф-35, компанијата „Локхид Мартин“, за набавка на 19 авиони од овој тип.

Новиот договор, како што пренесуваат медиумите, вклучува и можност за купување дополнителни 17 борбени авиони.

Авионите ќе бидат испорачувани сукцесивно од 2016 година.

Борбените авиони Ф-35 се најскапата програма за оружје на Пентагон, која, според некои процени, чини околу 400 милијарди долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.