четврток, 4 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: снимки | 45 резултати

Во Кривичен суд продолжува слушањето бомби за „Титаник“

20 август 2018

Во Основен суд Скопје 1, односно Кривичниот суд денеска продолжува слушањето на „бомбите” во предметот „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Преслушувањето почна во четвртокот, а продолжи во петокот со 106 од вкупно 1.063 „бомби“. Досега на снимките се слушнаа разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, […]

Продолжува судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет Заев

16 април 2018

Во Основен суд Скопје 1, на денешното рочиште за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев за барање поткуп во времето кога беше градоначалник на Струмица, треба да продолжи слушањето на разговорите од посебните истражни мерки (ПИМ). Снимките кои ги обезбедил струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, од кои еден дел можеше да види […]

Апелација: Кривичен повторно да одлучува дали ќе се користат снимките со Заев за „Поткуп“

28 декември 2017

Кривичниот суд повторно ќе треба да одлучува дали снимката од посебните истражни мерки ќе се користат како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Апелацискиот суд денеска соопшти дека донел одлука со која се укинува претходната одлука на Кривичниот суд – снимката да биде […]

Апелација ја одложи седницата за ПИ-мерките во „Поткуп“ на неопределено време

27 ноември 2017

Апелацискиот суд Скопје ја одложи на неопределно време јавната седница на која треба да се расправа по жалбите на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, околу користењето на посебните истражни мерки (ПИМ) како доказ во судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет. Причина за одложувањето на седницата е тоа […]

Панчевски: Со претресот на СЈО настапи целосен мрак за правдата во Македонија

9 октомври 2017

Судијата Владимир Панчевски денеска обвини дека во четвртокот минатата недела настапил „целосен мрак за правдата во Македонија“ со, како што вели, „незаконитиот и брутален претрес“ што врз него го извршиле Специјалното јавно обвинителство и истражители на Министерството за внатрешни работи. Панчевски, во интервју за „Алсат-М“, тврди дека не бил извршен претрес во простории во Кривичниот […]

Љупчо Палевски беше на распит во СЈО, изјави дека станува збор за предистражна постапка

16 август 2017

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо беше на распит во Специјалното јавно обвинителство. Палевски, заедно со неговиот адвокат вечерва ги напуштија просториите на СЈО, по што кратко изјави дека станува збор за предистражна постапка. Палевски вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство. Засега официјално не е познато за што се товари Палевски. Се шпекулира дека […]

Одбраната на Заев бара снимката на „Јутјуб“да се изземе од доказите

27 јуни 2017

Премиерот Зоран Заев придружуван од адвокатите Ване Андреев и Филип Медарски утрово пристигна во Основниот суд Скопје 1, каде што почна рочиштето за судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој тој е обвинет за барање поткуп од околу 200.000 евра од струмички бизнисмен за приватизација на градежно земјиште. Рочиштето денеска не беше одложено, како неколкупати […]

Шилегов: Снимките го докажаа учеството на ВМРО-ДПМНЕ во упадот во Собранието

23 мај 2017

„Вчерашните снимки од безбедносните камери во холот на Собранието го докажаа директното учество на ВМРО-ДПМНЕ во обидот за организирање на терористичко загрозување на уставниот поредок и обид за убиство на дел од пратениците“, изјави на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Според него, „снимките објавени вчера се клучниот доказ дека Никола Груевски постојано лаже.“ „Иако […]

7 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ учествувале во отворањето на вратата на Собрание

22 мај 2017

Седум пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ знаеле или учествувале во отворањето на главната собраниска врата за демонстрантите на 27 април покажуваат снимките од собраниските камери кои ги објави телевизија „Телма“. Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка […]

„Викиликс“ нуди 100.000 долари за снимка од разговорот меѓу Трамп и Коми

13 мај 2017

„Викиликс“ објави дека ќе плати 100.000 долари за снимка од разговорот на американскиот претседател Доналд Трамп и на доскорешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Пораката е објавена на твитер-профилот на „Викиликс“ неколку часа откако Трамп, исто така на „Твитер“, го предупреди Коми да не оддава премногу информации на медиумите за нивната средба. „Њујорк тајмс“ пренесе […]

Снимките од дрон за падот на „пајперот“ се готови, се чека идентификацијата на жртвите

8 септември 2016

Вчера завршило снимањето со дрон на местото на авионската несреќа, кај селото Кожле, Скопско, во која загинаа шест лица, а снимките се испратени во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка, соопшти денеска Јавното обвинителство. „Снимките во корелација со другиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на јавните обвинители и на стручните лица од […]

(Видео) Хеликоптерски снимки на пустошот што го остави невремето

7 август 2016

Министерството за внатрешни работи попладнево објави снимки направени од хеликоптер од подрачјата во Скопје и околината кои беа најмногу погодени од невремето. На видеоматеријалот се гледаат поплавени домови, земјоделски површини под вода, уништени куќи и автомобили.

МВР: Обезбедувањето на Груевски не упаднало во „ТВ21“, дејствувало согласно задачите

18 јуни 2016

Министерството за внатрешни работи денеска демантира дека припадниците на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски упаднале во „ТВ21“. Тие, како што ссе наведува во соопштението, дејствувале во согласност со планот и со задачите. „Припадниците од Министерството за внатрешни работи кои се дел од одделот за обезбедување, во текот на вчерашниот ден постапуваа во согласност со […]

ЗНМ го осуди актот на обезбедувањето на Груевски

18 јуни 2016

Здружението на новинарите на Македонија денеска најостро го осуди вчерашниот инцидент во „ТВ21“, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да избрише снимки. – Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја […]

Обезбедувањето на Груевски упадна во ТВ21 за да брише снимки

17 јуни 2016

Обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски попладнево упаднало во „ТВ21“ и побарало новинар на телевизијата да ги избрише фотографиите од претседателот на владејачката партија направени додека тој се шетал низ улица Македонија, јавува телевизијата. Како што се наведува во написот на „ТВ21“, новинарот го забележал поранешниот премиер како се шета и се обидел да го […]

Груби: Дали ДУИ ќе излезе од Владата ќе одлучи Ахмети и никој друг

2 април 2016

Кои ќе бидат следните чекори на Демократската унија за интеграција (ДУИ) по повлекувањето на министрите и замениците-министри од Владата ќе одлучи претседателот на партијата Али Ахмети и никој друг, вели шефот на неговиот кабинет, Артан Груби. Реакцијата на Груби следува по денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој рече дека ДУИ не ја […]

Груевски: ДУИ не ја напушти Владата, само ќе изврши замена на министрите

2 април 2016

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не ја напушти Владата туку ќе изврши замена на своите кадри, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека тоа е право на секоја партија која партиципира во извршната власт. Тој рече дека немале средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, по одлуката за повлекување на министрите од Владата. […]

Протекувањето на снимките ја избркале ДУИ од Владата

1 април 2016

Демократската унија за интеграција издаде подолго соопштение во кое ја дообјаснува синоќешната одлука за напуштање на Владата. Во соопштението акцентот е ставен на снимките од разговори на високи функционери на партијата кои протекоа во јавноста и на одговорноста за нивната дистрибуција. „Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ одигра конструктивна улога со цел да се […]

Обвинителството отворило предмет за објавените приватни разговори на членови на ДУИ

1 април 2016

Основното јавно обвинителство Скопје отворило предмет за снимките од приватните разговори меѓу високи функционери на Демократската унија за интеграција, потврдиле за „Дневник“ од Обвинителството. Во објавените снимки има и разговори меѓу вицепремиерот Муса Џафери и пратеничката Ермира Мехмети. Мехмети претходно изјави дека во врска со случајот дала исказ во скопското јавно обвинителствот, а го повика […]

Кај Јанева има точно 540.646 снимки од незаконски прислушувани разговори

15 март 2016

Во извештајот што специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска го достави со Собранието, Советот на јавни обвинители и до медиумите, првпат прецизно е наведена бројката на снимки од незаконски прислушуваните разговори, од кои, според она што може да се види, мал дел објави опозицијата минатата година. Пописот на материјалите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, […]

Страна 1 од 3