fbpx

Одбраната на Заев бара снимката на „Јутјуб“да се изземе од доказите

-

Премиерот Зоран Заев придружуван од адвокатите Ване Андреев и Филип Медарски утрово пристигна во Основниот суд Скопје 1, каде што почна рочиштето за судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој тој е обвинет за барање поткуп од околу 200.000 евра од струмички бизнисмен за приватизација на градежно земјиште.

Рочиштето денеска не беше одложено, како неколкупати претходно, но треба да заврши до 12 часот, за кога е закажана седница на Владата на која Заев мора да биде присутен.

Адвокатот Медарски во судницата побара изземање на снимката од ПИ-мерките како доказ во постапката затоа што таа се појавила на „Јутјуб“ и била пренесена од медиумите. Со ова, како што рече Медарски, очигледно е дека било сторено кривично дело оддавање службена тајна, дека доказот е незаконски обезбеден и дека поради тоа не може да биде користен во постапката.

Обвинителот Владимир Милошески рече дека одбраната зборува за случај пост фестум и дека обвинителството понудило доказ кој бил обезбеден во согласност со законот.

Медарски побара од судијката Дијана Груевска-Илиевска да се произнесе по барањето за изземање на снимките како доказ.

Одбраната на Заев, исто така, бара снимката да се отстрани од „Јутјуб“ бидејќи ѝ послужила на претходната власт како основа за судење преку медиумите.

Обвинителот Милошевски рече дека Основното јавно обвинителство води истрага за тоа како снимката се нашла на „Јутјуб“. Според него, се прибираат докази за геопозицијата и за идентитетот на лицето што ја прикачило снимката, но поради тајноста на постапката не може да сподели повеќе информации.

На рочиштето не е присутен оштетениот, односно сведокот, бизнисменот Иван Николов, од кого, според обвинението, Заев се товари дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 163.924 евра за градежно земјиште што бизнисменот сакал да го приватизира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МОН: Учениците да имаат скратени часови поради високите температури

Основните училишта да работат со скратени наставни часови до крајот на учебната година поради високите температури кои ја зафатија државата, препорачува Министерството за образование и наука (МОН). Од министерството препорачуваат:...