fbpx

Фондација „Метаморфозис“ организира дијалози за дигитална агенда

-

Во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA” кој е кофинансиран од Европската Унија и се спроведува во шест држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и во Естонија), Фондација „Метаморфозис“ организира дијалози за дигитална агенда „Дигитална агенда за граѓаните – дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација“. Настанот ќе се одржи на 28 јуни од 11 до 12 часот, преку ZOOM платформата.

Настанот ќе се состои од кратко претставување на последното истражување спроведено во рамки на „Опсерваторија на дигиталната агенда во Северна Македонија“, кое Фондација „Метаморфозис“ го спроведе во рамки на проектот. Истражувањето ќе послужи за развивање на дискусија за можностите и идните чекори за поефикасна дигитализација и дигитална трансформација со граѓаните во центар.

Настанот може да се проследи на овој линк.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...