fbpx

Османи: Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на Делфи економскиот форум, учествуваше на панелот „Европа после Украина“, заедно со своите колеги од Грција, Словачка и Косово – Никос Дендиас, Иван Корчок и Доника Грвала Шварц, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

На панелот се дискутираше за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува европскиот континент, за начинот на менаџирање на кризата, како и влијанието на истата врз севкупните процеси и состојби во европските земји и пошироко.

На почетокот на своето обраќање, Османи ги пренесе своите импресии од неговата вчерашна посета на полско-украинската граница, каде со своите хомолози од тројката земји претседавачи со ОБСЕ, имаа заедничка средба со украинскиот шеф на дипломатија Кулеба и го посетија бегалскиот камп во Корчова.

„Она што го видов вчера е длабоко вознемирувачко. Вчерашните слики се одраз на нешто што е длабоко неморално, спротивно на универзалните вредности на човештвото. Треба решително да се спротивставиме на ова што се случува и да го спречиме и намалиме човечкото страдање“, истакна Османи.

Османи ги пренесе позициите на Северна Македонија за војната во Украина, најостро осудувајќи ја агресијата на Руската Федерација, како еклатантно кршење на меѓународното право и придружувајќи се на сите санкции на ЕУ против Русија.

Тој се осврна на одлагањето на формалниот почеток на преговори со ЕУ, нагласувајќи дека интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност.

„Ова претставува извор на системска ранливост и потенцијална закана за безбедноста и стабилноста, чии ефекти се прелеваат на целиот регион, а кои злонамерни актери лесно и вешто го искористуваат“, нагласи Османи.

Министерот додаде дека малку е потребно за топката да се фрли во вистинската насока и да се постигне заедничка победа за сите актери кои се дел од процесот, Северна Македонија, Бугарија, регионот на Западен Балкан и ЕУ во целина.

„Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност”, рече министерот Османи.

Имајќи ги во предвид геополитичките импликации на војната во Украина, Османи истакна дека ова се историски времиња кои бараат храбри и навремени одлуки и апелираше до ЕУ итно да ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија, за време на француското претседателство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...