fbpx

Идните воспитувачи мора да знаат да работат со деца уште во текот на студиите

-

„Голем број на неуспеси што се случуваат во градинките и образованието се адресирани токму во факултетите кои го продуцираат овој кадар. Затоа интензивно работиме веќе две години, со поддршка од Светска банка, на зајакнување на системот на иницијално образование на воспитувачите во нашата земја“, соопшти на денешната панел дискусија денеска професорката Лена Дамовска од Филозофскиот факултет.

Настанот е дел од конференцијата која се одржува во „Александар Палас“, на тема „Врската меѓу добросостојбата на децата и нивните постигнувања“, заеднички организирана од Владата, Британската амбасада во Скопје и УНИЦЕФ.

„Што нас ни треба, каков модел на воспитувач ни треба за ова ново време? Во ова се вклучени сите педагошки факутелти и идентификувани се сите оние клучни работи кои можат да направат искчекор. Работиме на тоа, кои се клучните премдети кои го дефинираат профилот вопситувач. Без оглед дали студентите студираат во Тетово, Штип, мора уште во текот на студиумот да имаат практична работа, да ги согледаат реалните потреби на децата и тоа брусење на проифилот воспитувач ќе биде нешто што ќе биде вградено во системот“, рече проф. д-р Дамовска.

Детектирањето на недостатоците кои сметале дека се клучни, довело до тоа, со поддршка на УНИЦЕФ и сите наставнички факултети, да се организираат зимска и летна школа.

„Ова ќе премине во традиција која треба да ги надополни знаењата на студентите кои немале можност да се стекнат со задлабочени знаења способности и вештини кои се однесуваат на социоемоционалниот развој. Целта е да ги сензибилизираме студентите, да ги натераме да научат дека секојдневно кога работиме со деца мора да ги мотивираме, и да овозможиме сензибилизирање за демократските вредности“, додаде професорката.

На панел дискусијата, освен Дамовска, зборуваа и професорот Кирил Барбареев, Маја Велиновска, директорка на градинката „Димче Мирчев“ во Велес, како и Бојана Нацева, специјалист за образование во Светска банка. Нацева истакна дека политиките во образованието не ни се конзистетни, односно дека не ни е најдобра страна ставањето во сила на сите политики кои се креираат и ставени на хартија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...