fbpx

Премиерот Заев ја поднесе оставката до Собранието

-

Премиерот Зоран Заев до собранискиот спикер Талат Џафери ја достави оставката од функцијата претседател на Владата на РСМ, поради исходот од локалните избори и преземената одговорност за изборните резултати.

„Со мојата оставка со која ја преземам одговорноста сакам да оставам пример за да се препознаваат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на народот, но исто така и на идните лидери за да бидат свесни за својата граѓанска должност кога ја преземаат грижата за својата земја“, наведува Заев во писмото до Џафери.

Заев додава дека со неговата оставка, тој ја презема одговорноста и сака да остави пример за да се препознаваат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да даде уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на народот, но исто така и на идните лидери за да бидат свесни за својата граѓанска должност кога ја преземаат грижата за својата земја.

По поднесувањето на оставката, Собранието на РСМ на утрешната редовна седница се очекува да ја прифати оставката на премиерот Заев. По констатирањето на оставката на премиерот, претседателот Стево Пендаровски во рок од десет дена ќе треба да одреди нов мандатар кој би составил нова влада и програма во период од 20 дена.

Веќе е извесно дека мандатар за формирање на идната влада ќе биде новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Според зададените законски рокови, целата постапка за избор на новата влада ќе мора да се заврши до крајот на јануари 2022 година.

Откако ќе се констатира оставката на премиерот Зоран Заев, утре во Собранието на РСМ нема да се одржи планираната седница за пратенички прашања, бидејќи по оставката на премиерот, во оставка е и целата влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.