fbpx

Синот на загинатиот возач апелира да не се шпекулира со дезинформации и бара почит за болката на семејствата

-

„Јас не сум видел дали на списокот со преживеаните лица е и името на арапскиот патник Шаип Науф ал Салах“ во изјава за Мета.мк рече Бесар Мемеди, синот на еден од возачите кои го изгубија животот во трагедијата во Бугарија, во која според денешните официјални податоци загинаа 44 лица.

Бесар апелира да се избегнуваат шпекулации и погрешни толкувања.

„Видов дека меѓу преживеаните не е мојот татко, повеќе не знам, од таму тргнав накај дома. Пишуваат многу дезинформации“, рече Бесар барајќи од јавноста и медиумите да ја почитуваат болката на неговото семејство, како и на сите семејства кои изгубија свои блиски во несреќата.

Неговиот последен разговор со татко му бил кога тој му испратил фотографија на која се гледа велосипед кој го купил за неговата внука.

Името на 36-годишниот арапски државјанин именуван како Шаип Науф ал Салах денеска два пати се слушна на прес конференцијата во Софија. Сепак, на новинарско прашање дали тој е на списокот на преживеани, портпаролката на бугарскиот јавен обвинител Сијка Милева не одговори потврдно и рече дека ќе провери дополнително. Таа рече дека ова лице не е меѓу повредените кои се згрижени во софиската болница.

Милева нагласи дека еден од преживеаните кој се наоѓа во болница во Софија недвосмислено тврдел дека се спасиле 8 патници, а не 7, колку што се сега сместени во болницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...